Top Sport

Јуве со „пола-пола“ дрес за следната сезона? (галерија)

На Интернет „протече“ новата верзија на дресот на Јувентус за следната сезона, со кој италијанскиот шампион наместо традиционалниот дизајн на црно-бели ленти, се реши за пола-пола дизајн со розева линија измеѓу.

Според сајтот „Фути хедлајнс“, кој обично дава точни информации за дизајнот на дресовите, розевото се враќа на дресот на Јувентус по три сезони, откако тогаш нивниот гостински дрес беше цел розев.

Во Јувентус и „Адидас“ го послушале и гласот на навивачите, откако минатата година тие преку онлајн кампања бараа тргање на црната позадина на логото на „Џип“ на предниот дел од дресот.

Scroll to Top