Top Sport

Јуве тргна по Запата, за него нудат 30 милиони евра

Јувентус испрати понуда за играчот на Аталанта, Дуван Запата кој оваа сезона е дел од најатрактивниот напад не само во Серија А, туку и во сите 5 најсилни европски лиги.

Информациите се дека „Старата дама“ за 29-годишниот Колумбиец нуди 30 милиони евра + Матија Перин.

Иако претходно се пишуваше дека Аркадиуш Милик, Александер Лаказет и Един Џеко се некои од играчите кои би можеле да дојдат во Торино, „Кориере дело Спорт“ пишува дека сега „црно-белите“ се насочени кон Запата.

Со неговото доаѓање, најверојатно ќе се покрие местото на Гонзало Игуаин на кого вратите од клубот ќе му бидат отворени за заминување.

Колумбиецот сезонава постигна 18 гола и има 7 асистенции на 28 меча.

Scroll to Top