Top Sport

Јуве уште сега размислуваат за нов договор за Роналдо

Јувентус би сакале да го продолжат договорот на Кристијано Роналдо на уште две сезони, тврди шпанскиот дневен весник „АС“. Договорот на Португалецот со „бјанконерите“ трае до јуни 2022 година, а доколку добие продолжување тоа ќе значи дека ќе игра во Торино до својата 39 година.

За да го убедат да остане на „Алијанц стадионот“, клубот сака да донесе помлад напаѓач кој би бил во „склад“ со ЦР7, а како најверојатна  опција се верува дека е Мауро Икарди, за кого неодамна имаше шпекулации дека ќе заврши во Торино преку Пари Сен-Жермен.

Роналдо во моментов заработува околу 31 милиони евра по сезона во Јувентус, и останува да се види дали клубот ќе се обиде да ја намали оваа сума за да добие две дополнителни години.

Scroll to Top