Top Sport

Јуве во потрага по десен бек

Италијанскиот шампион Јувентус сака во своите редови да го види десниот бек на Арсенал, Ектор Бељерин, а доколи не успее да го реализира тој трансфер тогаш ќе се насочи кон играчот на Атлетико Мадрид, Шиме Врсаљко.

„Тутоспорт“ пренесува дека Бељерин е најпосакуван играч во наредниот преоден рок, откако е јасно дека во јуни клубот ќе го напушти СШтефан Лихштајнер.

Бељерин долги години се поврзува со Барселона, но Арсенал досега успеа да ги одбие сите понуду на Каталонците за овој играч, поради што е помалку нејасно како Јувентус ќе го привлече десниот бек во Торино.

Реалната цена на овој фудбалер на трансфер пазарот се движи помеѓу 30 и 35 милиони евра. Бељерин има договор со Арсенал до јуни 2023 година.

Доколку пропаднат преговорите со Бељерин, алетрнатива е Врсаљко. Хрватскиот репрезентативец е незадоволен во Мадрид поради малата минутажа. За потписот на Врсаљко Јувентус има конкуренција во ривалот за титулата, Наполи.

Scroll to Top