Top Sport

Јувентус без мака во Верона (видео)

Јувентус стигна до 3:1 победа на гостувањето во Верона, кршејќи ја лошата традиција – на претходните три натпревари на „Марк Антонио Бентегоди“ еднаш загубија, а двапати беше нерешено. Ова е прва победа на „бјанконерите“ во Верона од април 2007 година, кога двата тима настапуваа во Серија Б.

Јувентус дојде во водство уште во шестата минута, кога по ударот на Гонзало Игуаин, Блез Матуиди налета на топката и донесе водство, а во исто време постави нов рекорд во Серија А – 23-ти пат едноподруго на гости, Јуве постигнува барем еден гол.

Мартин Касерес израмни за Хелас во 59. минута, но потоа на сцена стапи Пауло Дибала, во првиот меч како стартер во Серија А по три натпревари. Со два брзи гола во 72. и 78. минута ја обезбеди 15-тата победа на Јуве оваа сезона за да се доближат на само еден поен до есенските шампиони Наполи.

Scroll to Top