Актуелниот шампион во Серија А, Јувентус, утре ќе гостува кај Беневенто. „Старата дама“ на овој натпревар ќе биде без Кристијано Роналдо, додека во тимот ќе се врати по повредата, Леонардо Бонучи, тврдат италијанските медиуми.
Според овие извори, тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, решил да го одмори Португалецот. Тоа значи дека во шпицот на нападот ќе играат Алваро Мората, Паоло Дибала и Дејан Кулушевски.
Место во тимот на Јуве за гостувањето кај „вештерките“ на Пипо Инзаги ќе има и за Бонучи, кој неколку натпревари пропушти поради повреда.
Исто така, можно е Пирло да го одмори и Данило.