Top Sport

Јувентус без Роналдо против Аталанта

Јувентус во дербито на 13 коло во Серија, утре од 15 часот ќе гостува во Бергамо кај Аталанта. „Страта дама“ се уште е без пораз во првенството, а со 32 бода ја предводи табелата. Аталанта дуелот со бранителот на титулата го чека од петтото место на табелата.

Тренерот на Јувентус Маурицио Сари има сериозни кадровски проблеми пред гостувањето во Бергамо.

Најголем проблем е Кристијано Роналдо кој играше за својата репрезентација во квалификациите за пласман на ЕУРО 2020, но по враќањето во Торино не тренирал со соиграчите.

Сари тврди дека Роналдо има проблеми со коленото поради што воопшто нема да биде во комбинација за натпреварот со Аталанта. Јувентус ќе го чува Роналдо за мечот со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.

Покрај Роналдо дуелот со Аталанта ќе го пропушти и Адријан Рабио, а веројатно Сари нема да може да смета ниту на Алекс Сандро и Хуан Квадрадо, кои се повредиле настапувајќи за своите репрезентации.

Scroll to Top