Top Sport

Јувентус би платил 100 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ

Италијанскиот шампион Јувентус нема намера да се откаже од трансферот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, иако Лацио нема намера да го продаде за помалку од 100 милиони евра.

„Калчомеркато“ објави дека Јувентус по завршувањето на сезоната ќе ги започне преговорите со лацио. Интерес за српскиот репрезентативец, покрај Јувентус, покажуваат уште и Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и ПСЖ.

Функционерите на „Старата дама“, Бепе Марота и Фабио Паратичи ќе се фокусираат на прегпворите со првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито, кој нема намера да го продаде Милинковиќ-Савиќ за помалку од 100 милиони евра.

Доколку клубовите постигнат договор тогаш, Јувентус ќе го собори клупскиот трансфер рекорд што го постави во јули 2016 година кога за Гонзало Игуаин на Наполи му плати 94 милиони евра.

Scroll to Top