Top Sport

Јувентус ги отвориле преговорите за Раул Хименез

Раул Хименез наместо во Манчестер Јунајтед ќе заврши во Јувентус. Мексиканецот зад себе има одлична сезона, на 53 натпревари постигнал 26 гола.

Вулверхемптон го процениле својот напаѓач на 100 милиони евра, првата понуда на Јувентус била дупло помала. Медиумите тврдат дека клубовите ќе договорат сума од 80 милиони евра.

Доколку овој трансфер биде реализиран, Раул Хименез ќе стане најскапиот мексикански фудбалер во историјата.

Во меѓувреме Вулвс бараат замена за Хименес. Тренерот Нуно Еспирито Санто ќе ја зголеми португалската колонија во тимот. Пред трансфер во Вулвс бил Паулињо од Спортинг Брага. Паулињо сезонава постигнал 25 гола за Брага чии голем навивач е тренерот на Вулверхемптон.

Scroll to Top