Top Sport

Јувентус го „прескокна“ Интер на второто место (видео)

Јувентус се искачи на второто место во Серија А, откако без мака славеше со 3:0 на гостувањето на „Ренато Дал’Ара“ во Болоња, со што го мина Интер на второто место во лигата и останува на само еден поен зад Наполи.

Миралем Пјаниќ уште во 27. минута ги донесе „бјанконерите“ во водство со фантастичен гол од слободен удар, а „балканската“ врска на Јувентус се покажа и во 36. минута, кога Пјаниќ фантастично го најде Хрватот Марио Манџукиќ за ефективен гол и водство од 0:2. Во 64. минута, Блез Матуиди само ја потврди победата на Јуве.

Горан Пандев одигра едно полувреме за Џенова, која успеа да остане непоразена на гостувањето во Фиренца кај Фиорентина, за да остане на 17. место во Серија А, со само еден поен повеќе од Верона, која претходно го шокираше Милан.

Сасуоло со гол во 90-тата минута ја продолжи мизерната серија на Сампдорија на четири меча без победа откако си заминаа со 0:1 победа. Самп нема победа од 3:2 триумфот над Јувентус на 19 ноември.

СЕРИЈА А, 17.КОЛО

Болоња – Јувентус 0:3

Кротоне – Киево 1:0

Фиорентина – Џенова 0:0

Сампдорија – Сасуоло 0:1



Scroll to Top