Top Sport

Јувентус и Интер ќе играат наредниот понеделник?

„Дерби дела Италија“, поради коронавирусот не се одигра синоќа. Челниците на Серија А објавија дека овој натпревар и другите натпревари што беа одложени ќе се одиграат на 13 мај. Сепак, медиумите на Апенините тврдат дека дербито ќе се одигра порано од планираното.

Регионот Пијемонт не е зафатен со епидемијата на коронавирусот, поради што се најавува дека дуелот ќе се игра пред публика на 9 март.

Останатите натпревари што не се одиграа викендов: Милан-Џенова, Удинезе-Фиорентина, Сасуоло-Бреша и Парма-СПАЛ би се одиграле на 8 март, но зад затворени врати бидејќи регионите Ломбардија, Венето и Емилија се најзагрозени од епидемијата на коронавирусот.

Scroll to Top