Top Sport

Јувентус и Партизан се договориле околу трансферот на Павловиќ

Јувентус во наредните денови треба да ги заврши сите детали околу трансферот на 18 годишниот фудбалер на Партизан од Белград, Страхиња Павловиќ.

„Тутоспорт“ пишува Партизан од трансферот ќе добие пет милиони евра и уште два милиони низ разни бонуси. Фудбалерот ќе потпише пет годишен договор, а годишно ќе заработува еден милион евра.

Павловиќ е централен дефанзивец, за првиот тим на Партизан дебитирал во февруари, а сезонава настапил на 15 натпревари.

Scroll to Top