Јувентус ја завршиле финансиската година 2022/23 со загуба од 115 милиони евра, тврди „Ла газета дело спорт“ преку податоци од матичната фирма на Јуве, „Ексор“.
„Ексор“ е холдинг-компанијата на семејсвото Ањели и е предводена од Џон Елкан, братучедот на поранешниот претседател на Јувентус, Андреа Ањели. 2022/23 беше една од најтешките сезони во историјата на Јувентус, откако тие добија казна од 10 поени и беа исклучени од европските натпреварувања.
И покрај тоа што сумата изгледа огромно, таа е драстично намалена од минатата година, кога клубот имаше загуба од 239 милиони евра. Додека Јуве се мачи, матичната компанија „Ексор“ продолжува да работи со профит од фантастични 2.2 милиони евра за првата половина на 2023.