Top Sport

Јувентус ја одреди цената за Игуаин, може да си оди за 60 милиони евра

Гонзало Игуаин може да го напушти Јувентус, но само под услов некој за неговите услуги да му плати на клубот 60 милиони евра.

Позицијата на Игуаин в тимот е несигурна откако во Јувентус пристигна Кристијано Роналдо и најавите дека во шпицот на нападот ќе игра Марио Манџукиќ.

Во една таква ситуација вишок е Гонзало Игуаин, а за неговите услуги најзаинтересирани се Челси и Милан.

Според информациите од Италија, иако Аргентинецот се поврзува со Челси, досега во Јувентус не пристигнала ниту една конкретна понуда.

Клубот нема да му биде пречка на Игуан доколку некој плати 60 милиони евра.

Гонзало Игуаин, пред три години, од Наполи се пресели во Јувентус за речиси 100 милиони евра.

Scroll to Top