Top Sport

Јувентус ја одредиле цената за Кин

Јувентус биле подготвени да го продадат младиот напаѓач Моисе Кин, кој блесна во финишот на минатата сезона. За новата млада ѕвезда на италијанскиот фудбал немало место во тимот на новиот тренер Маурицио Сари.

Кин, според италијанските медиуми бил свесен дека во филозофијата на Сари нема да добие премногу шанси да игра, бидејќи предност ќе има Роналдо и Икарди доколку Аргентинецот пристигне во Торино.

Клупските челници по разговорот со него одредиле дека за сума од 30 милиони евра тој може да го напушти клубот.

Кин се поврзува со Севилја, а наводно интерес за него покажале и од Барселона.

Scroll to Top