Италијанскиот шампион Јувентус во јануарскиот преоден рок ќе испрати понуди до Реал за двајца фудбалери, Матео Ковачиќ и Дани Себаљос, пишува „Тутуспорт“.
Ковачиќ (23) синоќа беше во стартната постава на Реал на Светското клупско првенство против Ал Џазира (2:1), додека Дани Себаљос (21) не влезе во игра.
Генералниот директор на Реал, Хосе Анхел Санчез, пред две недели изјави дека клубот ќе ги одбие сите понуди за Ковачиќ во зимскиот преоден рок, а исто важи и за Себаљос.
Juventus are interested in Real Madrid midfielders Dani Ceballos (21) & Mateo Kovacic (23). [TuttoSport] pic.twitter.com/xOQaVOx9H5
— Forza Juventus (@ForzaJuve2017) December 13, 2017
Според „Тутоспорт“, Јувентус сака да го искористи нивниот статус во Реал, каде ретко добиваа шанса да бидат стартери бидејќи во формацијата 4-3-3, која ја форсира Зидан, Модриќ, Каземиро и Крос се недопирливи на средината од теренот.
На фудбалскиот пазар овие двајца вредат околу 25 милиони евра.