Top Sport

Јувентус ќе трагнат по Умтити?

Капитенот на Јувентус, Џорџо Кјелини, поради повреда ќе отсуствува од фудбалските терени шест месеци. Искусниот фудбалер на вчерашниот тренинг ги скинал предните вкрстени лигаменти во десното колено.

Повредата на Кјелини во целост ги менува трансфер плановите на клубот во финишот на преодниот рок. Јасно е дека сега партнер во одбраната на Бонучи ќе му биде Де Лихт, меѓутоа се поставува прашањето дали Јувентус ќе реагираат во последен момент на трансфер-пазарот.

Влијателниот каталонски спортски медиум „Спорт“ тврди дека Јувентус ќе се обидат да го донесат Самуел Умтити од Барселона. Францускиот репрезентативец е во втор план кај Ернесто Валверде, меѓутоа прашање дали ќе сака истата улога да ја има и во „старата дама“.

Прашање е и дали Барселона би сакале да го продадат Умтити кој е единствениот „бек-ап“ за стандардните Пике и Ленгле.

Можна е и варијантата Јувентус да го остават Ругани во Торино и тој заедно со младиот Турчин Демирал да биде алтернатива за Бонучи и Делихт.

Scroll to Top