Top Sport

Јувентус, конечно, го добиваат Локатели?

Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус, конечно, се договориле со Сасуоло за трансферот на Мануел Локатели со 35 милиони евра на двегодишна суспензија со обврска за купување на играчот.

Овој договор доаѓа по неколку недели преговори меѓу двата тима, а самиот Локатели изјавил дека сака само во Јувентус, одбивајќи ги богатите понуди од Арсенал и други премиерлигаши. Бидејќи Сасуоло мораше да ја одбие понудата од Арсенал од 40 милиони евра плус бонуси, клубот се обиде да извлече иста сума од Јувентус.

Според „Скај спорт Италија“ и „Ла газета дело спорт“, надминати се сите пречки, откако Јувентус се согласиле на обврската да го купат Локатели по позајмицата, но трошоците ќе бидат „развлечени“ на две години, во сличен договор со кој Јуве го купија Федерико Киеза од Јувентус.

Scroll to Top