Јувентус, во летниот преоден рок, ќе се обидеат да го донесат во Торино најдобриот играч на Рома оваа сезона, Хенрик Мхитаријан.
Ерменецот, има договор со Рома до крајот на сезоната, а неговиот менаџер Мино Рајола веќе ги започнал преговорите со „волчицата“. Евентуалниот неуспех на преговорите ќе се обидат да го искористи Јувентус.
Рајола за Мхитаријан, барал договор до јуни 2022 година и фиксна плата од 3.000.000 евра годишно.
Ерменецот игра одлично оваа сезона, на 26 натпревари постигнал 11 гола и забележал 10 асистенции.
Италијанските медиуми, тврдат дека Рајола, доколку не го добие тоа што го сака од Рома, тогаш ќе ги искористи пријателските односи што ги има со челниците на Јувентус и дека својот клиент ќе го однесе во Торино.