„Газета дело Спорт“ денес ги објави податоците колку пари клубовите од Серија А оваа сезона ќе издвојат за платите на фудбалерите. Во однос на минатата сезона, сите клубови заедно, за плати, ќе издвојат 72 милиони евра помалку.
Најмногу платите ги намали Јуветус, за 58 милиони евра. „Страта дама“ сезонава за плати ќе издвои 236 милиони евра, најмногу од сите клубови во Серија А. На годишно ниво во Италија најмногу заработува Кристијано Роналдо. Португалецот има плата од 31 милиони евра.
На второто место е Интер со 149 милиони евра. Во однос на минатата сезона Интер за плати ќе издвои 10 милиони евра повеќе.
Следува Рома со 112 милиони евра, 13 евра помалку од минатата сезона.
Наполи ќе издвои 105 милиони евра за платите на фудбалерите, Милан 90 милиони евра, односно 25 милиони евра помалку од минатата сезона.
Лацио и Аталната ќе издвојат 11, односно 7 милиони евра повеќе од минатата сезона. За платите на фудбалерите Лацио ќе потроши 83, а Аталанта 42 милиони евра.