Италијанските фудбалски фанови ќе имаат мало доживување на „дежа ви“, откако вестите од Италија велат дека повторно е возможно мечот Јувентус-Наполи да не се одигра по зголемениот број на КОВИД случаи
Јувентус треба да ги пречекаат Наполи на 6 јануари, но од Неапол стигнуваат вести дека претседателот на здравствените власти во Кампанија, Антонио Д’Аморе најавува дека нема да им дозволи на фудбалерите да заминат за Торино.
„Не е возможно да се предвидат работите, но ќе видиме какви мерки ќе донесе владата. Дел од фудбалерите уште не се вратени од одморот и мислам дека Фабијан Руиз на пример, не може лесно да се врати од Шпанија. Сите опции се можни“, вели Д’Аморе.
Минатата сезона, мечот беше многу контроверзен – локалните здравствени власти не дозволија клубот да замине за Торино, по што мечот беше регистриран со 3:0 службена победа за Јувентус, за на крајот по долга легална битка, мечот да се преигра.
#JuveNapoli di nuovo a rischio per Covid?
L'ASL Napoli 2: "Situazione da monitorare" ⚠https://t.co/OI4P2yTFj7— GOAL Italia (@GoalItalia) December 27, 2021