Италијанскиот „Тутоспорт“ тврди дека Јувентус ја одбиле понудата од Арсенал да им го дадат Месут Озил во јануари и да плаќаат половина од платата на поранешниот германски репрезентативец.
Озил се наоѓа во „дупка“ во Арсенал, откако беше исклучен од тимот за Премиер лигата и Лига Европа оваа сезона и последен пат играше за „топчиите“ на 7 март против Вест хем.
32-годишниот Германец подолго време е поврзуван со трансфер во Фенербахче кога ќе му заврши договорот со Арсенал, но според „Тутоспорт“, „топчиите“ и неговиот агент Еркут Согут веќе го нудат на повеќе европски клубови, вклучувајќи го и Јувентус.