Top Sport

Јувентус не го сакаат Озил иако Арсенал понудиле да плаќаат пола од неговата плата

Италијанскиот „Тутоспорт“ тврди дека Јувентус ја одбиле понудата од Арсенал да им го дадат Месут Озил во јануари и да плаќаат половина од платата на поранешниот германски репрезентативец.

Озил се наоѓа во „дупка“ во Арсенал, откако беше исклучен од тимот за Премиер лигата и Лига Европа оваа сезона и последен пат играше за „топчиите“ на 7 март против Вест хем.

32-годишниот Германец подолго време е поврзуван со трансфер во Фенербахче кога ќе му заврши договорот со Арсенал, но според „Тутоспорт“, „топчиите“ и неговиот агент Еркут Согут веќе го нудат на повеќе европски клубови, вклучувајќи го и Јувентус.

Scroll to Top