Top Sport

Јувентус „огорчени“ од казната, Алегри и Влаховиќ остануваат

Јувентус се јави со официјално соопштение откако беше потврдена казната од 10 поени за вештачко зголемување на вредностите на трансферите, посочувајќи дека одлуката создава „огромна огорченост кај клубот и кај милионите навивачи“, додавајќи дека казната не е пропорционална.

„Јувентус ја доби одлуката на Апелациониот суд на ФИГЦ и си задржува право да размисли за можна жалба до Гарантниот борд на Италијанскиот олимписки комитет (ЦОНИ). Процесот кој почна пред една година носи огромна огорченост кај клубот и кај милионите навивачи, кои сфаќаат дека нема јасни правила и се наоѓаат пред екстремна казна без да се почитува приницпот на пропорционалност. Јувентус никогаш не бегаше од истрагата, но овие факти не се утврдени од судија“, се вели во објавата на клубот.

Казната беше објавена минути пред вечерашниот меч со Емполи, но финансискиот директор на клубот, Франческо Калво за „ДАЗН“ призна дека не се задоволни од одлуката.

„Првиот впечато е негативен, не сме задоволни од казната. Постојано вршиме анализа на сезоната и сакаме да станеме подобри и да се бориме за титулата. Клубот има безусловна доверба во тренерот Масимилијано Алегри со кого градиме тим за иднината. Шпекулациите се надвор од наша контрола, но ќе порачаме дека Душан Влаховиќ не е на продажба“, изјав Калво.

Scroll to Top