Извесно е дека Ромелу Лукаку кариерата ќе ја продолжи во Серија А. Од почетокот на преодниот рок Интер се обидува да го реализира неговиот трансфер, меѓутоа цената од 85 милиони евра е превисока за тимот од Милано. Застојот во преговорите помеѓу Манчестер Јунајтед и Интер се обидува да го искористи Јувентус.
„Скај Спорт“ објави дека Јувентус подготвува серизна понуда во која би бил вклучен и Паоло Дибала.
Сепак прашањето кое се поставува е дали Манчестер Јунајтед ќе ја прифатат понудата која вклучува пари и еден фудбалер, бидејќи сите такви понуди од Интер ги одбија. Јунајтед за Лукаку би прифатиле само пари, а цената што ја поставиле е 85 милиони евра.
Јувентус во преодниот рок сакаат да донесат класичен напаѓач, прва опција им е Мауро Икарди од Интер, но не се подготвени да издвојат повеќе од 60 милиони евра, што не ги задоволува апетитите на Интер.
„Скај Спорт“ не ја исклучува можноста Јувентус да го донесат Лукаку, а веднаш потоа да го испрата во Интер во замена за Икарди.