Јувентус дефинитивно тргнуваат по потписот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио, тврди „Тутомеркато“, објаснувајќи дека се подготвува понуда во јануарскиот преоден рок.
27-годишниот српски фудбалер од средниот ред повторно е во одлична форма под Маурицио Сари, со пет гола и седум асистенции во 20 меча оваа сезона, но има договор со Лацио до 2024 година и неговиот тим ги „замрзнал“ сите можни преговори до крајот на Светското првенство. Според „Тутомерекато“, Јувентус се подготвени за понуда од 50 милиони евра, иако претседателот на Лацио, Клаудио Лотито постојано посочува дека неговата цена останува на 100 милиони евра.
И претходно имаше многу шпекулации околу потенцијалниот трансфер на СМС, за кого беа заинтересирани и од Манчестер јунајтед и од Арсенал, но до трансфер никогаш не дојде.
TMW – Juventus, pronta l'offerta ufficiale per Milinkovic-Savic: 50 milioni più bonus https://t.co/b68B0gIKzT
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) November 15, 2022