Top Sport

Јувентус пред договор со Филип Костиќ

Јувентус веќе се договориле за личните услови со Филип Костиќ, и сега треба да дадат слична понуда како таа на Вест хем јунајтед за Ајнтрахт да се согласи за договорот, тврдат италијанските медиуми.

Српскиот репрезентативец беше пред трансфер во Вест хем, но ја почека понудата од Торино, и според „Спортиталија“ ќе добива 3 милиони евра по сезона вклучувајќи бонуси. Ајнтрахт чек понуда од најмалку 12 милиони евра, бидејќи неговиот договор важи само до јуни 2023 година.

Костиќ имаше 7 гола и 15 асистенции во 43 меча за Ајнтрахт минтата сезона, и беше еден од клучните фудбалери при освојувањето на трофејот од Лига Европа на бундеслигашот.

Scroll to Top