Top Sport

Јувентус пред договор со таткото на Киеза, Фиорентина чека на Јунајтед

Јувентус наводно веќе ги договориле личните услови со таткото на Федерико Киеза, но Фиорентина повеќе би сакале добро да искешираат со трансфер во Манчестер јунајтед или Интер.

Јуве подолго време се поврзувани со младиот талент и покрај тоа што Фиорентина, инаку лути ривали на Јуве, инсистираат дека нема да дозволат уште една ѕвезда да замине во Торино по Роберто Баџо и Федерико Бернардески.

Според весникот „Ла стампа“ ова не го спречиле Јуве, кои успеале да издејствуваат договор со годишна плата од 5 милиони евра со неговиот татко, поранешниот италијански напаѓач, Енрико Киеза.

Весникот додава дека новиот газда на Виола, Роко Комисо би се договорил за продажба на 22-годишниот фудбалер за 60 милиони евра, но ќе почека за договор, откако претходно Јунајтед и Интер покажаа интерес за него.

Киеза си оди од Фиорентина, одбил нов договор

Scroll to Top