Top Sport

Јувентус пред потпис со Аркадијуш Милик

Полскиот напаѓач Аркадијуш Милик е пред враќање во Серија А, откако според италијанските извори веќе се договорил за личните услови со Јувентус. 28-годишниот Милик, кој претходно играше во Наполи, стана главната цел на Јуве по проблемите кои се појавија со потенцијалниот трансфер на Мемфис Депај од Барселона.

Јувентус ќе им платат на Олимпик Марсеј 2 милиони евра за позајмицата, со опција да го купт за 8 милиони евра на крајот на сезоната.

Јувентус е во потрага на напаѓач откако не успеаја да се договорат со Атлетико Мадрид за Алваро Мората, кој последните две години ги помина како позајмен игра во Торино.

Во сезона и пол со Марсеј, Милик имаше 30 гола во 55 настапи.

Scroll to Top