Јувентус се блиску до договор со Сасуоло да го добијат напаѓачот на Сасуоло, Џанлука Скамака со договор со позајмица со обврска за купување, јавуваат италијанските медиуми. Скамака во моментов е колега на Горан Пандев во Џенова, каде што игра како позајмен фудбалер.
Според „Спорт Италија“, Јуве сакаат да се договорат за позајмица до јуни 2022, а потоа да имаат обврска да го купат 22-годишниот напаѓач за вкупна цена од 20 до 25 милиони евра.
Се верува дека Андреа Пирло бара опции во нападот и дека сака да го донесе италијанскиот У-21 репрезентативец на „Алијанц стадионот“ веќе овој месец. Парма и Болоња претходно беа заинтересирани за Скамака, кој во 11 меча за Џенова оваа сезона има постигнато 2 гола.