Милан ќе остане без голманот Џиџи Донарума по завршувањето на сезоната. Ова сценарио е реално, бидејќи менаџерот на голманот, Мино Рајола, не прифаќа неговиот клиент да брани за плата од осум милиони евра. Менаџерот смета дека Донарума треба да добие годишна плата од 10 милиони евра.
Милан има проблеми со финансиите, барањата на Рајола, сериозно ќе го оптоварат клупскиот буџет. Медиумите во Италија тврдат, дека разврската со внимание ја следат во Јувентус.
Според овие извори, Јувентус, биле подготвени да ги исполнат барањата на Донарума и неговиот менаџер.
Донаруна, на 16-годишна возраст, во ерата на Синиша Михајловиќ, дебитираше за сениорскиот тим.