Јувентус му понудил договор на четири сезони, на фудбалерот на Арсенал, Џек Вилшир, објавија медиумите во Италија. Вилшир е слободен играч, откако му истече договорот со лондонскиот клуб.
„Тутомеркато“ пишува дека Јувентус на Вилшир му понудил годишна плата од 4,5 милиони евра.
Инаку, англискиот репрезентативец, може да остане во Арсенал, бидејќи неговото име не на листата на фудбалери што можат да заминат од клубот.
Покрај Јувентус, за Вилшир, интерес покажува и екипата на Милан.