Top Sport

Јувентус во сензационален обид да го добијат Роналдо

Кристијано Роналдо наместо враќање во Англија, сензационално може да заврши во тимот на Јувентус, тврди италијанскиот спортски весник „Тутоспорт“.

Ова доаѓа откако наводно Португалецот веќе ја отфрлил можноста да остане на „Сантијаго Бернабеу“, најмногу поради тоа што Реал Мадрид не сакаат да му ги „обноват“ условите од договорот, но и поради пресудата за даночно избегнување во Шпанија.

Роналдо наводно отфрлил договор вреден 31.5 милиони евра, а неодамна шпанските медиуми објавија дека Реал ја намалил неговата откупна клаузула од 1.000 милиони евра на „само“ 100 милиони.

Сопственикот на Јувентус, семејството Ањели пак, се очајни по третата титула од Лигата на шампионите и Роналдо би бил вистинско засилување за да се прекине низата од седум порази во финалињата.  Покрај семејството Ањели, улога во „операцијата“ има и Жорге Мендеш, агентот на Роналдо, кој веќе го донесе неговиот сонародник Жоао Кансело во Торино.

Фото: ЕПА/Тутоспорт

Scroll to Top