Голманот на Челси Вили Кабаљеро открил дека преживувал тешки моменти по поразот на Аргентина од Хрватска на Светскоот првенство во 2018 година.
Хрватска ја декласира Аргентина со 3:0, а првиот гол на натпреварот го постигна Анте Ребиќ (53 минута) по грешката на Кабаљеро. Потоа Модиќ и Ракитиќ, во последните десет минути, ја запечатија судбината на „гаучосите“.
По тој натпревар, одигран во рамките на второто коло во групата, Кабаљеро се пресели на клупата, а во наредните два натпреварите на голот застана Франко Армани голманот на Ривер Плата.
„Сите мислат дека намерата ми беше да го префрлам Ребиќ. Не сакав да го направам тоа. Сакав да го проиграм Салвио, но ногата ми заглави во тревата и ја направив грешката. Следниот ден ми беше вистински пекол. Одеднаш сите го имаа мојот број, добивав разни пораки. Имаше и смртни закани. Цело време размислував за мојата и безбедноста на моето семејство“, раскажал Кабаљеро.
Аргетнина на Светското првенство испадна од Франција во осмина-финалето, додека Хрватска од Францизите загуби во финалето.