Top Sport

До каде се оди! Манчестер јунајтед сега има официјален трактор!

Фановите на Манчестер јунајтед се нестрпливи очекувајќи го потписот на Алексис Санчез и подобрување на тимот, додека управата на клубот реши да го промовира својот нов ОФИЦИЈАЛЕН ТРАКТОР!

Како еден од најбогатите и најголемите клубови на светот, Јунајтед нормално има официјални спонзори од сите можни делови на животот, така што не е чудно што сега влегува и во зоната на земјоделството.

Новиот УТ359 трактор на јапонската компанија „Јанмар“ ја има честа да ги носи боите на Манчестер јунајтед, и да се грижи за „совршената трева“ на „Олд Трафорд. „Јанмар“ е партнер на Јунајтед од 2012 година и според официјалното соопштение „придонесува во развојот на земјоделството и ги збогатува животите на луѓето низ целиот свет“.

Чекајте, има и изјава.

„Манчестер јунајтед се гордее што ги има најдобрите услови на светот во ‘Аон тренинг центарот’ и на ‘Олд Трафорд’ и ова ни дава предност пред конкуренцијата. Земјоделската машинерија на ‘Јанмар’ е меѓу најдобрите на светот, дозволувајќи ни да се концентрираме на одлични терени за игра секоја година“, изјави Ричард Арнолд, генералниот менаџер на групацијата Јунајтед.

Scroll to Top