Top Sport

Кадиз е „криптонит“ за Каналес и Бетис

Мечот кој навивачите на Реал Бетис го почнаа со протест за суспензијата на Серхио Каналес за инцидент со судијата од пред шест месеци, на крајот заврши со два црвени картони за домашниот тим на „Бенито Вилјарамин“ и 0:2 пораз од Кадиз.

Токму Каналес, кој доби црвен картон и на претходниот меч со Кадиз на 19 октомври, негов прв во кариерата, повторно беше казнет во 38. минута од мечот, поради повлекување на противнички играч во ситуација далеку пред голот, повторно носејќи протести од домашните навивачи.

Во 53. минута, теренската предност на Кадиз се исплатеше кога беше досуден пенал, а Рубен Алкараз беше сигурен од белата точка. Кристофер Рамос зголеми на 2:0 во 59. минута, а Бетис остана со девет играчи на теренот кога Аитор Рубијалес доби црвен картон само една минута подоцна.

Ла лига го казни Каналес со четири меча за коментар од пред шест месеци!

Scroll to Top