Top Sport

Кадиз го слави враќањето во Примера

Фудбалскиот клуб Кадиз по пауза од 14 години повторно ќе биде во друштво со најсилните шпански клубови.

Промоцијата на Кадиз во Примера, на два кола до крајот на сезоната во Сегунда му ја обезбеди Сарагоса со поразот од Овиедо (2:4).

Кадиз на два кола до крајот на Сегунда на првото место има 69 бодови, седум повече од трето пласираната Сарагоса. Директен пласман во Примера ќе изборат двете најдобри екипи, додека тимовите од третото до шестото место ќе играат плеј-оф.

Во моментов второто место и припаѓа на Уеска (64 бода), Зарагоса има 62, Алмерија и Џирона имаат по 60, а Фуенлабрада 57 бода.

Scroll to Top