Top Sport

Кафу: Нејмар технички е подобар од Меси и Роналдо

Бразилската фудбалска легенда Кафу, смета дека неговиот сонародик Нејмар е „технички подобар“ од Лионел Меси и Кристијано Роналдо, иако признава дека тој може да се подобри во одредени сегменти.

„Нејмар е технички подобар од Меси, подобар од Кристијано, но прво мора да ја преземе улогата на лидер. Мора да се посвети 100 отсто на фудбалот. Јас не сум подобар од Нејмар, но бев подобар од другите десни бекови бидејќи се посветив на играта. Нејмар мора да стане капитен“, вели Кафу за „Марка“.

28-годишниот Нејмар во кариерата има освоено неверојатни 24 трофеи во 12 години, вклучувајќи осум лигашки титули и еден трофеј од Лигата на шампионите. Тој исто така има 265 гола во 447 меча во кариерата.

Scroll to Top