Јапонецот Шинџи Кагава кариерата ја продолжува во ПАОК. Пораншниот фудбалер на Борусија Дортмунд и Манчестер јунајтед, со клубот од Солун, потпишал едно годишен договор.
Кагава беше без тим од октомври минатата година, кога ја раскина соработката со Сарагоса.
Кагава има 31 година, а кариерата ја започнал во Осака. За репрезентацијата на јапонија има одиграно 97 натпревари, на кои постигнал 31 гол.
ПАОК, оваа сезона има мали шанси да ја одбрани титулата. Олимпијакос на челната позиција има 12 поени повеќе од црно-белите од Солун.