Италијанските медиуми тврдат дека Милан имаат понуда за својот поранешен играч, Бразилецот Кака за висока позиција кај „росонерите“.
Кака имаше над 300 настапи во два временски периоди со Милан, освојувајќи го скудетото во 2004 и Лигата на шампионите во 2007 година, кога ја доби и „златната топка“, пред да се пресели во Реал Мадрид за рекордна сума во 2009 година. По една сезона, тој се врати на „Сан Сиро“, по што замина во Орландо сити во американската МЛС.
35-годишниот Кака не објави дека се пензионира, но „Тутомеркато“ вели дека тој се враќа како висок член на тимот. Милан пак, преку официјалниот Твитер профил потврдија дека тој ќе ја посети „Каса Милан“ веќе утре.
Home is where your heart is: Ricky @KAKA will be at #CasaMilan tomorrow morning! ❤⚫
La Casa è dove si trova il cuore: domani mattina Ricky verrà a trovarci a Casa Milan! ❤⚫
Stay tuned on https://t.co/efjnZl4XXb ? pic.twitter.com/UmrX73MfKb— AC Milan (@acmilan) November 22, 2017