Кристијано Роналдо петти пат е прогласен за најдобар играч во светот во изборот на „Франс Фудбал“ и според бројот на наградите се израмни со опонентот од Барселона Лионел Меси.
„Јас сум најдобриот фудбалер во историјата“, рекол по добивањето на наградата Португалецот во интервју за „Франс Фудбал“.
Кристијано никогаш не бил скромен, позната е големината на неговото его, поради што оваа негова изјава повлече лавина на коментари и мислења.
Факт е дека тој и Меси доминираат изминатите десет години во светскиот фудбал, а последен кој ја освоил „Златната топка“, пред нив двајца е Кака, тогаш фудбалер на Милан.
Бразилецот кој беше присутен на доделувањето на наградата во Париз, по свечената церемонија го поделил своето мислење и ја објаснил разликата помеѓу Роналдо и Меси.
„За мене Меси е гение, а Роналдо е икона на модерниот фудба, комплтене фудбалер. Мислам дека е фер што тие двајца ги поделија последните десет Златни топки“, рекол Кака.
Kaká: “¿Quién es mejor entre Messi o Cristiano? Es muy difícil de decir. No creo que uno sea mejor que otro. Son jugadores distintos y los mejores. A ver, para mí Messi es un genio y Cristiano Ronaldo es un icono del fútbol moderno. Es un jugador completo”. ??????? pic.twitter.com/UzDM1Qm67Z
— Invictos (@InvictosSomos) December 9, 2017