Top Sport

Кака официјално се пензионираше

Поранешниот освојувач на „Златната топка“, бразилскиот „магионичар“ Кака официјално потврди дека се повлекува од фудбалот.

Кака, кој беше слободен агент по истекот на договорот со Орландо сити во МЛС лигата, ја објави одлуката преку Твитер.

„Татко, беше повеќе отколку што можев да замислам. Благодарам! Сега сум подготвен за следниот пат. Во името на Исус. Амин“, напиша Кака.

Иако се споменуваше емоционален кам-бек во Милан како играч или како член на управата на тимот, играчот од средниот ред чија кариера беше одбележана со низа повреди, реши да се повлече.

Тој не даде најава за следните чекори во кариерата, но италијанските медиуми подолго време тврдат дека ќе има место во Милан, клубот за кој имаше 270 настапи и каде што ја освои „Златната топка“ во 2007 по победата во Лигата на шампионите.

Кака кратко беше најскапиот играч на светот кога Реал Мадрид плати 67 милиони евра за него, но потоа веднаш го ангажираше и поскапиот Кристијано Роналдо. „Авантурата“ во Реал не успеа, и тој се врати во Милан, пред да потпише за Орландо сити.

Scroll to Top