Бразилскиот ветеран Кака уште не одлучил дали го одиграл својот последен меч во професионалниот фудбал, потврдувајќи дека му била понудена директорска улога во „новиот“ Милан.
35-годишниот Кака го одигра последниот меч за Орландо сити во октомври, и призна дека нема да го продолжува договорот со тимот од МЛС лигата. Тој беше во солзи кога се простуваше со тимот и призна дека можеби никогаш нема да се врати на теренот како играч/
„Последниот меч со Орландо можеби е мојот последен како професионалец и тоа беше посебен момент. Уште не сум рекол збогум на фудбалот, но потребно ми е време да размислам. Тешко се носат одлуки“, вели Кака во интервју за „Газета дело спорт“.
Кака беше гостин на Милан и на генералниот менаџер Марко Фасоне во четвртокот, и признава дека идејата да се врати кај „росонерите“ со кои го освои трофејот од Лигата на шампионите е возбудлива.
„Морам да одлучам дали ќе играм или не, бидејќи отсега тоа ќе биде мојот живот. Тоа му го кажав и на Марко. Да се биде блиску до Милано е прекрасно. Идејата таму е јасна – Милан да се врати да биде голем клуб во Италија и во Европа. Секогаш сум заљубен во Милан, со тие луѓе и со тие фанови. Чудно е Бразилец да има таков однос со италијански клуб“, додава Кака.
It’s good to be back, right Ricky @KAKA? ??
Enjoy the best pics from his visit at #CasaMilan ??https://t.co/2V3ENdRvGC ? pic.twitter.com/01qj4VenTW— AC Milan (@acmilan) November 23, 2017