Top Sport

Кака: Во Мадрид сè е екстремно

Бразилецот Кака ќе се повлече од фудбалот по неговата последна МЛС сезона со Орландо Сити и уште нема одлучено што ќе прави во иднината, иако се надева дека ќе биде како Зинедин Зидан и ќе се врати како тренер.

Кака беше во Русија за промоцијата на новата топка за Светското првенство покрај Лионел Меси и Зидан, а во интервју за колумбискиот „Ел еспектадор“ зборуваше за неговото заминување од Реал Мадрид и сличната судбина на Колумбиецот Џејмс Родригез.

„Во Реал Мадрид сè се носи до екстрем. И добрите работи, и лошите, така што морате да се навикнете на начинот на кој печатот и навивачите ги проживуваат тие моменти. За секој играч е неверојатно искуство да се биде во Реал Мадрид, и таму навистина созреав како личност. Тоа што се случи со Џејмс и со мене може да се случи секому, и тоа не само во Реал Мадрид. Некогаш работите не излегуваат како што посакувате. Џејмс не заборавил да игра фудбал и ќе блесне повторно“, изјави Кака.

Scroll to Top