Прослвените голгетери на светскиот фудбал, играчи кои се ближат до полни 40 години: Вејн Руни, Златан Ибрахимовиќ, Давид Виља и Фернадо Торес, во ноќта помеѓу неделата и понеделникот, постигнаа голови за своите тимови.
Вејн Руни, легендата на Манчестер јунајтед, блеска во САД. Тој постигна два гола за Ди-Си јунајтед во победата над Њујорк 3:1. Руни погоди во осмата и 74.минута, а четири минути подоцна единствениот гол за Њујорк го постигна Давид Виља.
Идентична победа забележа ЛА Галкси против Минесота. Златан Ибрахимовиќ блескаше со гол и асистенција. Швеѓанецот за кого се шпекулира дека ќе се врати во Манчестер јунајтед, постигна гол во 30.минута, а во 51.минута асистираше за третиот гол на својот тим.
Во јапонската Џеј лига, гол постигна и поранешниот играч на Атлетико Мадрид, Ливерпул, Челси и Милан, Фернандо Торес. Саган Тосу славеше над Вегалта 3:2. Вториот гол во победата на Саган Тосу го постигна Торес.