Полскиот напаѓач, синоќа започна да го исплаќа она што Милан го вложи во неговиот трансфер. 35 милиони евра Милан и платија на Џенова, за човекот кој веќе ги освои срцата на навивачите на клубот со голема традиција.
Милан го победи Наполи со 2:0 и се пласираше во полу-финалето, во домашниот Куп. Двата гола во првите 27 минути од натпреварот ги постигна полската сензација Кшиштоф Пјонтек.
Фудбалските квалитети и чувството за постигнување гол кај Полјакот не се спорни. Она што предизвикува забуна кај фудбалските фанови, особено оние што го сакаат Милан е како точно со изговара неговото презиме.
Напаѓачот на Италијаните им објаснил дека тој е „Пјонтек“, а не „Пјатек“. Буквата „ą“ во полската абецеда се изговара како „ОН“.