Клубовите од Премиер лигата оваа недела ги почнаа подготовките за враќањето на сезоната со „првата фаза“ на тренинзи во мали групи. И како навистина изгледа тоа?
Кристал палас преку видео со дрон ја објасни процедурата која мора да се почитува за да се почне со работа.
Дури пред да излезат од своите автомобили, инаку паркирани на два метри еден од друг, на фудбалерите им се мери температура. Кога ќе излезат од автомобилите почнуваат со „пред-активационата“ програма на терените на Кент Крикетс, следејќи посебна рута до тренинг-центарот за да се избегне контакт со другите луѓе.
По ова следува тренинг сесијата без контакт, со дополнителна работа во „теретана“. Кристал палас откриваат дека морале да направат „многу модификации“ на протоколот на клубот за да се заддржи безбедноста.