Фудбалската репрезентација на Бугарија денеска ќе се соочи со Грузија на стадионот во Тбилиси во четвртиот натпревар од групата 4 од Лигата Ц на турнирот на УЕФА Лигата на нации. Во пресрет на овој дуелот се случи тежок инцидент што го доживеаја бугарските репрезентативци при пристигнувањето во грузиската престолнина.
Автобусите што ги превезуваа од аеродромот до хотелот се судрија еден во друг и поради тоа една од ѕвездите во тимот, Тодор Неделев, веднаш беше хоспитализиран и опериран со повреда на главата. Тој е под лекарски надзор и вон животна опасност.
„Сите сме психолошки оптоварени и под стрес. Но, ќе се обидеме да одиграме најдобро што можеме. Бугарија никогаш не се предава. Размислуваме позитивно, иако ќе биде многу тешко во една ваква ситуација максимално да се фокусираме на фудбал“, изјави Георги Иванов – Гонзо, кој е именуван за в.д.селектор на бугарскиот национален тим.