Артуро Видал пристигна во Барселона, Чилеанецот пристигна од Баерн Михен, а прашање што за овој трансфер мисли Лионел Меси.
Видал и Меси добро се познаваат, играле еден против друг многу натпревари, особено за своите репрезентации.
Откако во мај 2017 година ФИФА ја прифати жалбата на Меси и му ја укина суспензијата, еден од првите што реагираше на одлуката беше токму Видал.
„Би сакал правилата да бидат исти за сите. Оваа одлука е добра за Аргентина. Убаво е да се гледа Меси како игра за националниот тим бидејќи секогаш дава се од себе. Јас само велам дека правилата треба за сите да бидат исти“, рекол Видал.
Исто така, во минатат рекол дека е многу подобар играч од Меси.
„Дали јас се плашам од него или тој се плаши од мене? Јас не се плашам, а него ќе го прашате дали тој се плаши од мене. Сум го победил во сите финалиња и доколку повотрно се сретнеме, повторно ќе го победам. Од ништо не се плашам, на теренот сите сме еднакви. Се борам за дресот и репрезентациијата до смрт“, изјавил во минатото Видал.