Top Sport

Како Облак се справи со досетливите момчиња на Мајорка

Атлетико Мадрид вчера загуби со 1:0 од Мајорка, а голманот Јан Облак мораше сам да се снаоѓа со топката кога две момчиња на противничкиот тим се обидуваа да трошат време пред крајот на сезоната.

Ведат Муриќи постигна гол од пенал за важни три поени во борбата за опстанок во Ла лига, оставајќи ги Атлетико на четвртото место на табелата.

Словенечкиот голман Облак пак, во финишот на мечот, беше очигледно исфрустриран обидувајќи се да ја добие топката од двете момчиња на Мајорка кои пак, ја сфатија својата задача да трошат време.

Scroll to Top